Познатиот пејач и клавијатурист од Пирот кој беше поронајден мртов по новогодишната прослава се самоубил, покажалa истрагата.
По закажаната „тезга“ во еден локален клуб, музичарот одлучил да си пресуди, пишуваат српските медиуми.
Само неколку дена пред трагедијата, на својот профил на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со колегите од една дискотека во Германија, а само ден подоцна, на 28 декември, објави песна на Маринко Роквиќ.
„Kome li te život odneo, kome li je sreću uzeo, ko sa tobom blaži nemir svoj, pesmo moja, verni druže moj“, е рефренот на нумерата.
Веста за неговата смрт го шокираше југот на Србија каде уживаше поголема популарност.
„Имаше семејство. Беа среќни. Едноставно не можам да верувам дека вакво нешто се случи. Сите сме во шок, а можам да замислам како му е на семејството“, изјави негов пријател за „Курир“.