fbpx

Мартина загина пред ќерка ѝ: Роденден се претвори во трагедија, свекрвата во шок

Цела заедница е во шок по трагичната смрт на млада мајка во населбата Филгине Валдарно во Фиренца, Италија.

Мартина Бреши (31) настрада кога по грешка во неа удри автомобил со кој управувала нејзината свекрва.

Трагедијата се случи во саботата, ден пред големата прослава на 1-виот роденден и крштевката на ќерката на Мартина.

Мартина, нејзината ќерка и свекрвата (66) пазареле во центарот на градот и ги завршувале последните подготовки пред важната прослава. Мартина, сопругот и ќерката штотуку се вратиле од Германија, каде дел од годината поминуваат на работа.

По враќањето дома, нејзината свекрва седнала зад воланот, додека ќерката на Мартина била на задното седиште. Мартина отишла зад возилото да ги стави работите во багажникот.

Што се случило потоа се’ уште е тешко да се разбере, не се сигурни ниту од полицијата која интервенирала по несреќата.

Автомобилот ненадејно отишол во рикверц, удирајќи ја Мартина и исфрлувајќи ја на тротоарот. Таа починала на лице место, пренесува Corriere della Sera.

Службите за брза помош кои пристигнале на местото на несреќата не можеле да направат ништо за да ѝ го спасат животот.

Мартина била прогласена за мртва пред очите на шокираната свекрва и нејзината ќерка, која само ден претходно наполнила една година.

Свекрвата во шок била пренесена во болница.

Мартина е погребана, но не е наредена обдукција.

Од досега реконструираното, се чини дека автомобилот со автоматски менувач бил запрен на благ наклон кога се случила трагедијата.

Следни Објави

Перо се степал со бившиот на бившата? Кошаркарот проговори за спорната ноќ

Перо Антиќ се огласи по пишувањата дека се степал во познат скопски ноќен клуб со бившиот партнер на неговата сеге веќе бивша девојка, топ-моделот Катарина Ивановска. Антиќ, кој сега има и јавна функција, е згрозен од пишувањата на некои новинари и, како што вели, не сака малолетни деца да го […]