fbpx

Страшни детали: Две жени пронајдени мртви, на главата имале перници

Тела на две жени денеска се пронајдени во стан во белградската населба Бежанијска Коса, информираат српските медиуми.

Полицијата затекнала траги од крв, а врз главата и на двете жртвите имало перница.

Станарите и управителот на зградата во која се случила трагедијата велат дека се згрозени од глетката.

Според првите информации, станува збор за убиство и самоубиство.

„Една од жените е Јелисавета Ѓ., чиј стан е на последниот кат од зградата. Имаше непријатна миризба и никој не ги видел некое време, па комшиите до нив отишле да проверат. Случајот го пријавиле во полиција која ги пронашла телата“, коментира еден сосед.

Јелисавета до пред две години живеела со сопругот. По неговата смрт, кај неа се доселила сестра ѝ.

Жртвите се на возраст од 76 и 78 години.

Истрагата е во тек.

Следни Објави

Чистеше снег, па се шокира: Сите се прашуваат како ТАА се најде овде (ВИДЕО)

Имаше среќа што човекот не ја погоди директно со лопатата На „Твитер“ се појави интересно видео кое масовно се „лајка“ и се споделува. Еден маж додека го чисти натрупаниот снег пред семејниот дом, налетува на неочекуван „гостин“. Она што дополнително ги смее сите е што оваа мачка продолжува да лежи […]