fbpx

Делови од телото пронајдени во црни кеси: Нови шокантни детали за свирепото убиство на младата тиктокерка од Белград

Во центарот на Белград денеска е откриено злосторството во кое е убиена Ноа Миливојев (18) од Ковиље по кој се трагаше од 17 јуни. Полицијата утврдила дека се работи за брутално убиство кога во бањата од станот на улицата „Цар Лазар 11а“, каде се случило монструозното дело, забележала црни кеси, во кои биле пронајдени делови од телото на несреќната девојка.

Имено, полицијата во кесите пронашла розови ленти по кои тиктокерката беше препознатлива, што само ги потврди сомнежите дека се работи за Ноа Миливојев.

Инаку, соседите од зградата на О.Д, кој е осомничен за убиството на Ноа, наведуваат дека во станот на приземјето каде што се случило убиството ноќе се собирале мажи со сомнителен изглед и дека тоа го пријавиле во полиција.

Уапсениот О.Д. инаку веќе бил сослушан по исчезнувањето на Ноа бидејќи нејзините родители во полициската станица рекле дека кобниот ден таа отишла кај него дома. Меѓутоа, во таа прилика О.Д изјавил дека не знае каде е Ноа, што на полицијата не ѝ изгледало убедливо.

После тоа, Д.О. пред неколку дена повторно бил сослушан и тогаш полицијата се уверила дека тој знае повеќе отколку што кажува.

Полицијата денеска упаднала во неговиот стан и за жал, во бањата ги пронашла остатоците од телото на Ноа Миливојев спакувани во кеси.

Д.О во полиција го признал делото. Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство на свиреп и подмолен начин, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Убиената тиктокерка Ноа Миливојев постојано цел на брутални напади на „Тик ток“ и тоа само затоа што е транссексуалка. Иако постојано била навредувана, понижувана и омаловажувана, таа продолжила да објавува видеа на кои е ведра и насмеана, коментираат нејзините следбеници на споменатата социјална мрежа.

Следни Објави

Магда го уби Кристијан, па замина во полиција: Кога ја кажа причината, ја ослободија!

Аргентинското обвинителство пред две години одлучи да ја ослободи Магда Соледад од Буенос Аирес, која признала дека го убила сопругот Кристијан Сенра, бидејќи не можела повеќе да гледа како ја малтретира нејзината малолетна ќерка. Таа се пријавила во полицијата на неверојатен и, би можело да се каже, бизарен начин, кој […]