Трагедија го вознемири регионот
Брачна двојка од Нови Сад синоќа се самоуби скокајќи од зграда.
Пред да си го одземат животот, сопружниците си ги убиле сопствените деца, информираат српските медиуми.
Во семејниот стан во Петроварадин биле пронајдени тела на едногодишно момче и тригодишно девојче. Идентификувани се врз основа на отпечатоци од прсти.
Полицијата е на лице место и врши увид, по што ќе се знае како се случило злосторството.
Мажот и жената биле на возраст на 21 и на 23 години. Скокнале од 17. кат на зградата. На телата нема траги на насилство.