fbpx

Си ги уби сопругата и детето, па се самоуби: Страшни детали, една работа ги шокира соседите

Руски државјанин, неговата сопруга и синот биле пронајдени мртви во изнајмен стан во Панчево кога синоќа околу 12:30 часот полицијата ја скршила вратата.

Русинот кој извршил двојно убиство, па се самоубил по професија е хирург.

„Во Србија дојдоа поради страв од мобилизација. Иако е хирург, имаше своја такси компанија во Русија“, раскажува сосед за српските медиуми.

Тој открива дека убиената била педијатар за новороденчиња, но во Србија дошла без лиценца која сакала да ја добие и се надевала дека ќе почне да работи.

Како што понатаму се наведува во медиумите, со нив бил и 18-годишен тинејџер, син на убиената од првиот брак, но тој пред неколку дена бил депортиран во Русија.

Нивниот деветгодишен син останал со нив. Тие пред два месеци го купиле станот во кој се случи крвавиот напад.

Соседите се во шок.

„Пред два дена ги видовме како возат тротинет. Изгледаа среќно. Не ни се верува дека еден таков љубезен човек бил подготвен да направи едно вакво злосторство“, коментираат тие.

Следни Објави

Ова дете си ја уби мајката: Сите плачеле кога ја слушнале причината

Ученик во средно училиште во Тенеси ѝ пресудил на сопствената мајка откако таа му забрабила да користи телефон. Шон Вилис од градот Роки Топ почекал таа да заспие, го зел пиштолот од нејзиниот ормар и го однел во својата соба да го наполни со куршуми, за случајно да не ја […]