fbpx

Нема веќе такви како тебе: Трогателни зборови по смртта на Борис

На денешен ден пред две години по тешко боледување почина актерот Борис Комнениќ (64).

Беше првенец во Народниот театар во Белград, а публиката засекогаш ќе го памети како Саша Гуза Попадиќ од култната југословенска серија „Подобар живот“.

Колегите со потресни зборови се сеќаваат на Комнениќ.

Борис му беше близок пријател и соработник на познатиот актер Андрија Милошевиќ.

„Каде заминуваат сите тие луѓе? Не заминуваат. Тогаш зошто си тажен? Тажен сум бидејќи моето детство заминува“, напиша тој во една прилика на „Инстаграм“.

Со трогателна посвета од Борис кога почина се прости и српската актерка Милица Милша.

„Драг мој Борис, не можам и не сакам да верувам дека си замина. Неподнослив станува овој живот без драги луѓе. Ти беше мојот прв телевизиски вереник, во првата серија која ја снимив „Подобар живот“. Секоја средба со тебе ми носеше радост и насмевка, сите проби за претстави поради тебе беа посебни, секое играње со тебе беше празник. Диховит, образуван, луциден, посебен, ќе му недостигаш на овој свет.. Нема веќе такви како тебе“, напиша таа неодамна.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

 

Следни Објави

Сè се одвиваше како на филм: Шокантни детали за двојното убиство во Скопје

Двојно убиство вечерва ги вознемири скопјани. Две лица се ликвидирани, а едно е повредено во пукањето кај Кале кое се случило во локалот „Шиша бар“. „Во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале […]