fbpx

Бурниот живот на Јатаганац: Стана татко на 57, пороците го уништија

Беше исклучително добар човек, одличен уметник, духовит и секогаш пријатен за разговор. Беше човек кој секогаш знаеше да изненади со неговите луцидни идеи, едноставно уживаше во животот.

Вака блиските се сеќаваат на легендарниот југословенски глумец Јосиф Татиќ кој, иако одигра и многу посериозни и потешки улоги, публиката најмногу го памти како неповторливиот Јатаганац од култната серија „Подобар живот“.

Татиќ потекнува од актерско семејство. Во младоста тренирал бокс, но се повлекол по третата борба во која бил нокаутиран.

Студирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Во тоа време идол му бил Хемфри Богарт.

Беше татко на две ќерки. Постарата Јелисавета која е костимографка ја добил од бракот со Билјана Драговиќ, а помладата Христина, која го носи и името на неговата мајка, ја доби на 57 години.

Не криеше дека е боем. Со години се обидуваше да ги остави цигарите и алкохолот. Наводно, во последните години пред да почине пиел само црно вино, но здравјето веќе сериозно му било загрозено.

Не ги сакаше интервјуата и ги доживуваше како одење на забар, како нужно зло. Сепак, во една прилика отворено зборуваше за своите пороци и страсти.

„Не можам ниту да јадам пред претстава, што е смрт за мојата тежина. Па, кога завесата ќе се спушти почнува гозбата, а тоа најмногу се таложи. Не се само актерите боеми. Јас во тие бурни времиња како што вие ги нарекувате, се дружев со луѓе од други професии. Во своите боемски денови најмногу се гледав со еден писател, со пилот и со адвокат. Немаше многу актери“, раскажа актерот во една прилика.

Татиќ почина во сон, на 8 февруари 2013 година.

Фото: АлтСине/Блиц/Принтскрин

Следни Објави

Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Еве како да проверите!

Кога поголемиот дел од денот го поминувате во дом со лоша енергија, тогаш тешко дека некогаш ќе ви се насмее среќата во животот. Ова непишано правило е уште од памти век, ама сега кога луѓето сѐ повеќе време поминуваат дома и тоа како повторно се актуелизира. Старите куќи, просториите со […]