fbpx

Беше најубавата жена на светот, а сега е непрепознатлива! (ФОТО)

Поранешната манекенка Лони Вилисон која беше во брак со познатиот актер и пејач Џереми Џексон, повеќе од една година живее како бездомничка.

Славната русокоса милионерка со совршено витка линија беше сон на многу мажи, а сега бара храна по улиците на Лос Анџелес.

Со години се бореше со зависност од разни опијати, а сега на новинарите им призна дека е „чиста“ и дека не користи телефон, но и дека не се тушира со месеци бидејќи, како што вели, така се чувствува сигурно дека нема никој да ја силува.

Лони се омажи за Џереми, инаку најпознат по улогата во хит-серијата „Чувари на плажа“, во 2012 година.

Пред пет години доживеа нервен слом и го изгуби работното место во еден центар за козметички услуги и естеска хирургија.

Фото: Инстаграм/Профимедија/Џеф Ву

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Познатиот актер почина ненадејно на 29 години: „Прерано замина, беше голем талент“

Почина ирскиот актер Џордан Данбар, имаше само 29-години. Тажната вест ја потврдија и од неговото семејство, но не ја откриваат причината за прераната смрт која ги шокира неговите фанови. Се огласи и ирската државна телевизија. „Многу сме тажни. Џордан беше ѕвезда во сериите „First Dates Ireland“ и „My Yellow Brick […]