fbpx

Огромна тага! Почина познатата актерка: Имаше 66 години, фановите се простуваат

Почина Андреа Еванс, актерката која двапати беше номинирана за престижната награда „Еми“, а која се прослави како проблематичната Тина Лорд во хит-серијата One Life To Live на „Еј Би Си“.

Еванс која ја загуби битката со ракот се упокои на 66 години. Нејзината смрт ја објави кастинг директорот Дон Керол.

По нејзината извонредна улога во One Life To Live, таа продолжи да ја глуми Пети Вивер во серијата The Young and the Restless која се прикажуваше на „Си Би Ес“, а публиката ќе ја памети и како Тауни Мур во The Bold and the Beautiful и како Ребека Хочикс во Passions.

Родена во Аурора, Илиноис, Еванс се натпреварувала на избори за убавина кога се појави како статист во хорор-класиката The Fury на Брајан Де Палма од 1978 година.

Истата година се појави и во мини-серијата The Awakening Land и веднаш го привлекла вниманието на легендарната режисерка на сапуници Мери Џо Слејтер, која ја повикала за улогата на Тина Лорд во One Life To Live.

Нејзината улога на лоша девојка набрзо стана хит кај гледачите и таа остана во серијата до 1981 година, кога замина да ја глуми Пети Вилијамс во The Young and the Restless од 1983 до 1984 година. Таа се врати во One Life во 1985 година и се закити со номинација за „Еми“.

Две години подоцна, таа нагло се повлече од јавноста и остана во „илегала“ речиси цела деценија. Дури подоцна ја откри причината-била жртва на демнење.

Во интервју за списанието People во 2008 година, Еванс откри дека ја занемарила кариерата и животот во Њујорк кога вознемирувањата од тој тип станале сè поагресивни.

Еванс неодамна ја заврши работата на своите мемоари My One Life To Live. Позади себе ги остави партнерот Стив и ќерката Кајли.

Следни Објави

Небото стана посветло за уште една ѕвезда: Почина младиот готвач Лука

Младото момче прерано го загуби животот Младиот хрватски готвач Лука Бегоња загина во сообраќајна несреќа, а веста за неговата смрт ја споделија од ресторанот во кој работел. „Драг наш Лука, прерано не’ напушти… Тешко ни е да најдеме зборови за да ја опишеме тагата и празнината што ја чувствуваме. Покрај […]