fbpx

Пред гробот видоа крв, одвнатре слушнаа плач: Полицијата веднаш го отвори, луѓе ова е страшно (ВИДЕО)

Бразилската полиција спаси 36-годишна жена која била жива соѕидана во гробница на гробиштата во Висконд до Рио Бранко.

Гробари забележале дека гробот е свежо запечатен со цигли и цемент, а вниманието им го привлекле дамките од крв на земјата, поради што веднаш повикале полиција.

Кога полицајците пристигнале на гробиштата, го слушнале плачот и лелекот на жената. Бргу била ослободена и однесена во болница.

Полицијата соопшти дека, иако просторот е делумно затворен и со засилено обезбедување, чести се упадите таму, а најмногу од наркозависници.

Жената рекла дека двајца маскирани ја однеле на гробиштата каде ја нападнале, а потоа ја турнале во гробницата. Воената полиција навела дека жртвата е наркоманка.

Наводно станува збор за одмазда откако одбила на напаѓачите да им каже каде ја сокрила „робата“. Цивилната полиција, пак, соопшти дека кавгата настанала поради оружје.

Не е познато колку долго жената била во гробницата.

Следни Објави

„Туѓа си бескрајно“ крие голема тајна: Ова е приказната за хитот без кој не поминува ниту една свадба

Можеби требаше на мојот народ да му подарам уште некој хит. Но, никогаш не е доцна. Секогаш подарувам нови песни, нека слушаат и уживаат, порача Ефто во едно ТВ-гостување  Специјалната награда за животно дело на неодамна одржаната „Златна бубамара на популарноста“ заслужено замина во рацете на Ефто Пупиноски, еден од […]