fbpx

Душо моја! Семејството неутешно по смртта на Владо, ваков херој еднаш мајка раѓа

Владислав Јовичиќ (30) од Крагуевац се удави во вторникот на позната плажа на грчкиот остров Лефкада, кога се обиде да спаси девојка од големи бранови, а сега семејството и пријателите се збогуваат со него на социјалните мрежи.

Јовичиќ влегол во морето за да ја спаси својата девојка од надојдените бранови, но за жал тој не успеал да се спаси. На фаталното патување тргнал со саканата и со уште двајца пријатели.

Неговиот вујко објави нивна заедничка фотографија од ресторан каде позираат насмеани и пред полна маса. Под сликата се редеа тажни коментари од неговите пријатели.

„Владо, нека ти е лесна земјата, Господ да ти ги отвори рајските порти. Срцето ни е скршено.. Искрено сочувство до семејството. Не’ напушти еден ангел“, „Душо моја, наше најмило сонце. О, Боже, каква трагедија“, се само дел од коментарите.

Според информациите на полицијата, неговата девојка наводно влегла во водата и ја повлекле брановите. Владо веднаш истрчал по неа и успеал да ја спаси и да ѝ помогне да стигне до брегот. Сепак, според очевидци, тој не успеал да ги совлада и да излезе од морето. Не успеал да се спаси. Неколку минути лебдел на стомак, а потоа капачите успеале да го извлечат до брегот на плажата Мегали Петра. Се обиделе да му укажат прва помош додека не дошло амбулантното возило. Бил префрлен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт, јавија грчките медиуми.

Следни Објави

Конечно ќе се радуваат: Неочекувани пари за овие луѓе до 11 септември

За припадниците на овие хороскопски знаци доаѓаат одлични денови. Ѕвездите ќе им бидат наклонети, а особено ќе им се подобри финансиската состојба. ОВЕН Ќе уживаат во прекрасни моменти во првата третина на септември. Ги очекува емотивна средба и конечно ќе уживаат во хармоничен љубовен живот. Некои од нив ги очекува […]