fbpx

Конечно убава вест! Овие граѓани да си ги проверат сметките, парите им се префрлени

Почна исплатата

Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2023 година, информира Министерството за труд и социјална политика.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, шести април.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

06.04.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
07.04.2023– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Следни Објави

Утре е Благовец: Жени, никако не правете го ова!

Утре го славиме празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец. Секогаш се паѓа на ист датум, на 7 април според новиот календар, а на 25 март според стариот. Се смета за тежок празник на кој не треба да се работи. Постојат повеќе верувања за овој ден. Во некои села […]