fbpx

Утре е Благовец: Жени, никако не правете го ова!

Утре го славиме празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец. Секогаш се паѓа на ист датум, на 7 април според новиот календар, а на 25 март според стариот. Се смета за тежок празник на кој не треба да се работи. Постојат повеќе верувања за овој ден.

Во некои села се’ уште се практикува адетот жените да не се чешлаат. Се верува и дека оние кои сакаат да имаат деца треба да појдат во црквите и во манастирите, и да се помолат на иконите посветени на Благовештение. 

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките. Децата ѝ благодарат, ја гушкаат и ѝ даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат своите чеда и тие да имаат свои рожби и радости.

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Именден слават Благоја, Блаже, Благојка, Благица..

Следни Објави

Бил мртов 45 минути, а потоа ги отворил очите: Кажал нешто застрашувачко.. (ВИДЕО)

Брајан Милер од Охајо заврши во болница поради голем срцев удар. Токму кога помислил дека му е подобро, развил вентрикуларна фибрилација, нарушување на срцевиот ритам што го намалува крвниот притисок и го намалува протокот на крв во виталните органи. „Неговото срце само се тресеше, не можеше да пумпа, не работеше“, […]