fbpx

Падна одлука! Средства ќе им бидат префрлени на ОВИЕ македонските граѓани, повисок прилив од септември

Од септември пензионерите ќе имаат повисоки пензии за шест отсто.

Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук-профил ја објави добрата вест за највозрасните македонски граѓани.

„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022- 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023- 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година“, напиша Тренчевска. 

Пред неколку месеци министерката најави дека наскоро ќе се утврди и минимална пензија. Кој ќе биде прагот ќе се дискутира во иднина.

Во земјава живеат околу 330 илјади пензионери. Од нив, најголем дел користат пензија до 20 илјади денари.

Следни Објави

По 131 ден поминат на скопска гинекологија, со солзи радосници ја испративме дома

По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, малата Дуа со солзи радосници ја испративме дома. На 12 март таа се роди во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното […]