fbpx

Нина кажа „ДА“: Кој е нејзиниот избраник?

Се вери поранешната македонска министерка Нина Ангеловска, објави „Фактор“.

Таа отсекогаш била интересна за јавноста. Во 2019 година стана првата жена министерка за финансии кај нас. Претходно, ја знаевме како основач на Grouper.mk и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Пред да заплива во политичките води се најде на листата на „Форбс“ со триесет најдобри претприемачи на ниво на Европа.

Блиските ја опишуваат како голем поборник на спортскиот живот и често трча маратони.

Од она што го споделува на социјалните мрежи може да се заклучи дека младата бизнисменка сака да се облекува по последна мода и да патува на атрактивни дестинации, а неодамна на своите следбеници им откри и дека е среќно вљубена.

Пред неколку месеци на „Инстаграм“ конечно го покажа момчето, д-р Виктор Станков, уролог од Универзитетска Клиника за урологија-Скопје.

Повеќе фотографии од вљубената двојка во продолжение:

Нека им е со среќа во заедничкиот живот!

Следни Објави

Велигденски понеделник: Жени, ова мора да го направите!

Православните верници и црквата денеска го слават Велигденски понеделник-ден по Христовото станување од гробот. Велигденскиот понеделник според византискиот обред е првиот ден на Светлата недела-седмицата по Велигден. Богослужбите на овој ден се исти како за Велигден. Во поголемиот дел од овие краишта велигденските празници се слават три дена. На велигденскиот […]