fbpx

Агнеса конечно призна што има правено на лицето: Прва исповед за корекциите

Агнеса Органџиева лани на хејтерите им порача дека нема направено никакви естетски корекции и дека во прашање се гени, а сега конечно искрено проговори на оваа тема.

Македонката со над 100.000 следбеници на „Инстаграм“ во нејзиното последно интервју вели дека не ѝ пречи кога ѝ вадат муабети дека е пластична и на шега коментира дека со тоа ја докажуваат нејизната убавина.

„Естетика на тело немам, естетика на лице немам (пластика). Имам на веѓите работено јапонска метода на обликување, бидејќи поранешната мода беа тенки веѓи, имам контурирање на усните со хиелорон и baby ботох на челото, каде што си дозволувам на мои 39 години да си се освежам. Користам доста квалитетни креми и серуми од мојата 20-та година (школо од мајка ми) каде што моето лице изгледа младо и свежо“, открива Органџиева за „Женски магазин“.

Агнеса ѝ стана интересна на јавноста откако нејзиниот маж Роберт Орданоски, инаку поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации, почна јавно да ја напаѓа дека е жена од интерес.

„Негативните коментри, особено од жените многу ми се смешни. Жени што до Вардар не отишле. Затоа не се замарам. Разбирам дека имало и ќе има луѓе љубоморни и искомплексирани“, изјави таа во едно интервју.

Двојката има две ќерки.

Следни Објави

ШОК ВО ХОЛИВУД! Минатата недела го погреба татка си, сега е пронајден мртов

Младиот актер од популарната серија „Еуфорија“, Ангус Клауд, почина на 25-годишна возраст. Според извештаите, актерот починал во својот дом во Оукленд, а долго време се борел со психички проблеми. Неговото семејство упати порака до сите кои се борат со менталното здравје дека не се сами. „Со голема болка моравме да […]