fbpx

Неочекувано! Коста го одбил ОВА, можно ли е?

Не престанува интересот во јавноста за 13-годишниот Коста Кецмановиќ, тинејџерот кој пред неполни две недели тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ каде уби осум ученици и вработен од обезбедувањето.

По трагедијата која ја потресе и згрози цела Србија, па дури и светот, се појавија различни шпекулации, најмногу поврзани со психолошкиот профил на момчето и причините кои довеле до ваква трагедија.

Според последните информации на „Новости“, малолетникот претходните денови ги минал во мирна состојба и не му била препишана терапија. Немал никакви барања и приговори за условите во кои престојува. „Можно ли е“, коментираат вработените на клиниката.

Неговите роднини му донеле гардероба и чанта со неопходни потреби, но само во управните канцеларии, без да се сретнат или да контактираат. На вештаците кои го интервјуирале им рекол дека е убеден дека наскоро ќе биде ослободен.

Прашањето за неговиот правен статус и справувањето со размерите на злосторствата што ги направи со денови ја преокупира јавноста. Иако не може да биде изведен пред суд, бидејќи има помалку од 14 години, ниту може да му се изрече некаква кривична санкција, извесно е дека неговиот живот нема да биде повторно ист.

Момчето не може да заврши во Воспитно-поправниот дом во Крушевац, ниту во малолетничкиот затвор во Ваљево. Но, тоа не значи, како што првично се шпекулираше, дека ќе биде ослободен.

Следни Објави

Почина Александар (32), страшна несреќа се случи (ВИДЕО)

Животот беше пред него, огромна загуба Во страшна сообраќајна несреќа загина 32-годишниот поранешен фудбалер на Спартак Москва, Александар Карјакин. Според последните информации, младиот спортист учествувал во улични трки, а несреќата се случила околу 1.30 часот, кога со возилото удрил во ѕид. Руските медиуми информираат дека Карјакин возел со брзина од […]