fbpx

Неочекуван пресврт! Ново потресно сведоштво за Коста

Коста имал големи животни планови и ниту со една негова постапка не навестувал дека е подготвен десетици фамилии да завие во црно.

Ново потресно сведоштво за 13-годишниот масовен убиец објави порталот “Нова.рс“, а овојпат нивен соговрник е татко на еден од блиските другари на Коста.

Неговиот син и момчето кое уби осум негови врсници и вработен од обезбедувањето се гледале секојдневно. Вели дека често заедно играле фудбал.

„Сите деца кои биле запишани во пронајдениот список се деца со кои со години другарувал. Не можам да си објаснам зошто на истиот се нашол и мојот син. Или зошто на листата биле и девојчиња кон кои гаел симпатии“, раскажува тој.

Вели дека се обидел да поразговара со своето дете, но од нивниот муабет не успеал да извлече некои конкретни заклучоци.

„Ми кажа дека никој од луѓето од списокот не го исмејувале. Напротив! Мојот син ми раскажа дека на неговиот роденден, ноќта пред масакрот, Коста зборувал за некои од неговите животни планови, но ништо што би укажувало на масакр. Зборувале и за некои девојки, за одмори, за училишните задачи. Верувајте ми, моето дете е во шок што „неговиот пријател Коста“ со кој оди после училиште да шутира на голчиња направи такво злосторство“, вели потресениот татко.

Според последните информации, Коста претходните денови ги минал во мирна состојба и не му била препишана терапија. Немал никакви барања и приговори за условите во кои престојува. На вештаците кои го интервјуирале им рекол дека е убеден дека наскоро ќе биде ослободен.

Следни Објави

Ќе се изненадите од точните податоци: Крвната група открива многу за вас

Јапонците веруваат дека крвната група има големо влијание на нечиј карактер и способност. Оваа теорија ја поставил Масахико Номија, во своето истражување уште во 1970 година. Крвна група А Луѓето со оваа крвна група ги пуштаат другите пред себеси, знаат да сослушаат што другите луѓе им кажуваат и се одлични […]