fbpx

Неочекуван пресврт! Коста повторно се огласи, една работа ги шокира сите

Коста Кецмановиќ, 13-годишниот тинејџер кој на трети мај тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ и уби девет ученици и вработен од обезбедувањето, не мирува на клиниката каде е сместен на опсервација и психијатриско лекување.

По трагедијата која го потресе и згрози целиот регион, се појавија различни шпекулации, најмногу поврзани со психолошкиот профил на момчето и причините кои довеле до ваква трагедија.

Осомниченото момче, наместо да чувствува каење за злосторството кое го направи, тој наводно, само повремено прашува дали за него се пишува во медиумите, како ќе биде казнет, со оглед на тоа што поради старосната доба во моментот кога го направил злосторството не може кривично да одговара, како и кога ќе го пуштат на слобода.

„Желбата ми е да си купам камп-приколка и да го пропатувам светот“, наводно им порачал на лекарите.

Како што пишувавме претходно, момчето прво покажало присебност во институцијата и тоа расположение траело повеќе од еден месец. Не покажувал знаци на каење и најчесто прашувал кога ќе може да го користи компјутерот и да игра игри.

Сепак, пред неколку дена го променил расположението и станал далеку понервозен. Се’ почесто поставувал прашања поврзани со неговото ослободување.

„Последните денови почнал бурно да реагира за мали, речиси безначајни причини, па дури и без причина. Нервоза покажувал со зборови и движења, се’ почесто со прашања и барања, но поврзани исклучиво со него и неговата удобност. Не го интересирале луѓето од надворешниот свет! Неговата нервоза не била поврзана со каење за масовното убиство. Се интересирал само за себе“, вели изворот.

 

Следни Објави

Начукајте си го тоа „кога ќе се породиш, ќе заборавиш сѐ“: Теодора за родилката која се обиде да се самоубие

Жена, 39-годишна, откако се породила скокнала од прв кат на Клиниката за гинекологија, се бори за живот. Oва е првата вест која ја прочитав денска откако уклучив лаптоп. Ќе почнам вака.. начукајте си го тоа „кога ќе се породиш, ќе заборавиш се“ знаете каде. Инстаграм-мами јадат чија семе и киноа […]