fbpx

Коста наполни 14 години: Откриена најголемата мистерија за момчето убиец

Коста Кецмановиќ денеска има роденден, пишуваат српските медиуми. Момчето кое на трети мај годинава тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и уби девет ученици и вработен од обезбедувањето наполни 14 години.

Како што е веќе познато, денови пред злосторството детално го истражувал Кривичниот законик на интернет за да се увери дека според возраста не може да заврши зад решетки.

По трагедијата која ја потресе и згрози цела Србија, па дури и светот, се појавија различни шпекулации, најмногу поврзани со психолошкиот профил на момчето и причините кои довеле до ваква трагедија.

Луѓе блиски на персоналот на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци каде што е сместен велат дека нема промена во однесувањето на момчето.

Една работа и понатаму е мистерија, а тоа е што го натерало масовниот убиец на лекарите детално да им раскажува за Гебелс и неговите „генијални“ методи.

Коста наводно бил опседнат со Адолф Хитлер! Момчето на лекарите во психијатриската клиника каде што е сместено по апсењето детално им раскажал за нацистичката идеологија, за Хитлер и за „генијалните методи и планови“ на шефот на нацистичката пропаганда Јозеф Гебелс!?

„Јас сум новиот фирер, ќе го обединам светот“, им рекол Коста на лекарите кои останале со подоотворена уста.

Следни Објави

Барем една убава вест! Падна одлука, дополнителен прилив за овие граѓани во првата половина на август

Проверете дали сте на оваа листа Три хороскопски знаци ќе добијат вистински подарок од судбината и ќе уживаат во голема среќа во првата половина на август. Финансиската состојба на овие знаци значително ќе се подобри и среќата ќе им се насмевне. ВОДОЛИЈА Почетокот на месецот ќе им донесе огромен прилив, […]