fbpx

Македонија тагува, уште еден живот прерано згасна: Почина Марко Петрушевски

Почина македонскиот писател, поет и филмски режисер Марко Петрушевски (роден 1975 година).

Својата прва поетска збирка, „Еден млад збунет човек“ ја објави во 2001 година и за неа ја доби наградата на Струшките вечери на поезијата за дебитантска поетска книга.

Своите кратки раскази ги објавуваше на порталот „Окно“ кој и ја објави информацијата за неговата смрт. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

Покрај писателската дејност, Петрушевски сними и неколку кратки филмови. Се бавеше и со филмска критика, а своите рецензии ги објавуваше во месечникот „Форум“.

Беше ангажиран и како радиоводител на култното радио Канал 103. 

Следни Објави

Скопјани се простуваат од Марко: Вечна слава, другар!

Почина Марко Петрушевски (48). На социјалните мрежи се споделуваат емотивни објави за македонскиот писател, поет и филмски режисер. Музичарот Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, напиша дека е во шок и неверување дека Марче не е повеќе меѓу нас. „Марче.. лесна му земја. Не се гледавме често последниве декади, ама имавме […]