fbpx

Пеце, твоето срце продолжи да чука! Ова е младиот битолчанец кој спаси четири животи

Мултиорганска трансплантација на органи беше направена завчера во којашто еден пациент доби срце, друг пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, информираа од Министерството за здравство.

Министерот Демири упати благодарност до семејството на донорот, чиј идентитет веќе се споделува на социјалните мрежи и му се оддава почит.

„Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакна Демири.

Како што објави порталот „Бабам Битола“, станува збор за Пеце Аврамовски, млад битолчанец, чие семејство со одлуката за донирање на неговите органи спасило повеќе животи.

И сестрата на Пеце, Елизабета Трајчевска, на социјалните мрежи се прости со него на емотивен начин, порачувајќи дека тој е херој.

„Ти замина, ама спаси други животи брате мој. Почивај во мир“, напиша таа.

Следни Објави

Утре е Прочка: За радост во домот направете го ОВА!

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, по што и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, […]