fbpx

Македонија тагува! Нè  напушти малата Ана, уште еден ангел одлета

Деветгодишната Ана Аргировска од Куманово ја загуби животната битка.

За малата Ана, која пленеше со својата насмевка, се собираа парични средства за продолжување на започнатото лекување на ретка и тешка болест во Турција.

„Драги роднини, пријатели и сите добри и хумани луѓе, со огромна жалост ви соопштуваме дека нашата најмила Ана Аргировска повеќе не е со нас. Физички не’ напушти, но засекогаш ќе остане во нашите срца. Ви благодариме неизмерно и со цело срце на сите кои се трудевте и сакавте искрено да ѝ помогнете на било кој начин“, стои во објавата на семејството.

Погребението ќе се одржи утре во 13 часот на градските гробишта во Куманово.

Следни Објави

Понеделник по Духовден: Еве што им е забрането на жените!

Празникот Духовден секогаш се слави 50 дена по Велигден и десеттиот ден по Спасовден. Црквениот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите е еден од најголемите празници кои Македонската православна црква ги одбележува. За многумина е трет празник по значајност, по Божик и христовото воскресение и според народните […]