fbpx

Почина жена (49), Ѓорѓе Давид од „Ѕвездите на Гранд“ повреден: Ова се деталите за несреќата

Рокерот Ѓорѓе Давид, кој веќе неколку сезони е во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, синоќа учествувал во тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во Македонија, информираат српските медиуми.

Немилиот настан се случил синоќа околу 20 часот, на магистрачниот пат Куманово-граничен премин Табановце.

Во сообраќајката учествувале „фолксваген поло“, патничко возило „фолксваген голф“ и патничко возило „опел инсигнија“, за кое постои сомневање дека го управувал Ѓорѓе Давид, вели извор на „Информер“.

Од повредите во незгодата починала 49-годишна кумановка, која била сопатничка во возилото „поло“. Две лица се тешко повредени, а се сомнева дека е повреден и самиот Ѓорѓе Давид.

Ѓорѓе Давид не одговара на повиците и пораките, пренесува „Информер“.

И од полицијата потврдија дека сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки, се случила синоќа во 20 часот.

„Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово“, информира полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Следни Објави

Први слики од несреќата, Ѓорѓе Давид пренесен во кумановската болница: Еве во каква состојба е

Познатиот музичар се враќал од Гевгелија, а пред несреќата се пожалил за лошите временски услови на социјалните мрежи Рок-музичарот Ѓорѓе Давид вчера, 20 јануари, околу 20 часот доживеа сообраќајна несреќа што се случи во Северна Македонија. Ѓорѓе се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски и состаноци, а пред несреќата […]