fbpx

Народот собра 50.000 евра за Кико: Еве каде сега ќе завршат парите

Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван, момчето кое го сплоти македонскиот народ, денеска ја загуби најважната битка.

За само неколку дена се собраа донации од 50.000 евра за негово лекување, а јутјуберот Стефан Лазаров кој беше главен иницијатор за донациите предмалку откри каде ќе завршат собраните средства.

„Парите ќе бидат донирани на друго дете. Ако не успеавме да го спасиме Кико, ќе дадеме се’ од себе да спасиме некое друго дете. Хуманитарниот концерт во вторник ќе се одржи и ќе дадеме се’ од себе сите што треба да учествуваме. Сакам сите да дојдете, да ја наполниме салата за Кико, да пееме песни за Кико и сите средства што ќе ги собереме ќе ги донираме на друго дете“, низ солзи порача Лазаров.

Здраствената состојба на Кико на кого му беше дијагностицирана ретка болест пред два дена значително се влоши. Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи сметаа дека нема да го издржи патот.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, изјави дека Кристијан воопшто не се лекувал во јавно здравство досега.

„Тој нема поднесено барање до надлежните институции. Досега не се лекувал во јавно здравје. Четири-пет години не бил на преглед, така што ние не знаеме што се случува. Ова се државни институции здравствени и треба да има службено барање за да се разгледува“, рече министерот.

Следни Објави

Македонскиот пејач заврши в болница: Фановите му посакаа брзо закрепнување

Панчо од „ДНК“ заврши в болница. Познатиот македонски пејач, автор и диџеј им откри на фановите дека е хоспитализиран во една од приватните болници во Скопје, а тие му посакаа брзо закрепнување. Голема благодарност до целиот тим од Клиниката за феноменалната грижа и посветеност кон пациентите. Посебна благодарност до д-р […]