fbpx

Трагедија! Пијан возач ја усмрти Маја, потресни зборови за младата девојка

Во сообраќајна несреќа во Дичмо кај Сплит загина младата хрватска ракометарка Маја Зорица.

Истрагата покажа дека пијан 44-годишниот возач влегол во спротивната лента и директно се судрил со возилото во кое биле три девојки, меѓу кои и Маја.

„Со тага во срцето и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на нашата ракометарка Маја Зорица, играчка на ЖАРК Сплит. Нашите мисли и молитви се со семејството, соиграчите, пријателите од ЖАРК Сплит и со сите оние во чии животи остави неизбришлив белег и вечен спомен. Вечно ќе го паметиме нејзиното насмеано лице. Искрено сочувство, нека почива во мир“, напишаа од Хрватскиот ракометен сојуз.

Сочувство до семејството објави и клубот за кој настапуваше.

„Со тажно и скршено срце соопштуваме дека нашата играчка Маја Зорица не’ напушти по трагична несреќа на само 18 години. Срцето на нашиот голем борец згасна. Сочувствуваме со семејството и упатуваме искрено сочувство до најблиските. Нејзиниот благороден и силен дух, полн со животна радост и љубов, засекогаш ќе остане во нашите срца, мисли и молитви. Ангелу наш, почивај во мир“, напишаа од клубот.

Следни Објави

Загина на истото место како и Тоше Проески: Беше позната по бурните врски, едниот го знаете сите

Популарната хрватска актерка Долорес Ламбаша во 2013 година загина во страшна сообраќајка. Почина кога беше најпопуларна. Глумеше во повеќе ТВ-новели, често ја ангажираа и како модел и редовно ја имаше на насловните страници. Ламбаша со колегата Стојан Матавуљ се враќаше од Белград кога се случи несреќата. Актерката која вниманието го […]