fbpx

Пере од „Нокаут“ доби четврта ќерка: Се роди уште едно трилече

Никола Перевски-Пере, пејачот на популарниот бенд „Нокаут“ доби четврта ќерка.

Тој веднаш сподели и фотографија на социјалните мрежи.

„Ирис се роди.. Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша познатиот музичар на „Инстаграм“.

Ова е негово второ дете со Јована Темелковска.

Во ноември 2021 година тие ја добија ќерката Софиа.

„Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млекo“, напиша пејачот тогаш.

Пере има две големи ќерки од првиот брак, 25-годишната Михаела која со години го придружува на сцена и одлучи да тргне по неговите стапки и 16-годишната Каја.

Пред да се ожени по вторпат, тој откри дека неговата избраничка Јована му е поранешна девојка со која по четири години пауза одлучиле да ја возобноват љубовната врска.

Следни Објави

Ненадејно почина на 42 години, четири дечиња останаа без татко (ВИДЕО)

Кајл Браун, новинар и директор на ESPN, ненадејно почина на 42-годишна возраст, објави овој портал. Браун бил на натпревар од бејзбол турнирот во Винстон-Салем, Северна Каролина, кога ненадејно му се слошило. Иако медицинските служби веднаш реагирале, Браун не можел да се спаси. Браун во младоста играл бејзбол, но подоцна кариерата […]