fbpx

Почивај во мир, драга Михаела: Шокантни детали за убиената студентка од Правен, колегите се простуваат

Во Осиек денеска ќе биде погребана младата студентка на Правниот факултет, Михаела Берак, за чија смрт е осомничен 27-годишниот полицаец Марко С.

Пријателите, колегите и професорите на 21-годишната студентка, која беше убиена во средата во Осиек, со трогателни посвети се простуваат од неа на социјалните мрежи.

„Почитувани колеги, со тага и неверување соопштуваме дека нашата драга колешка и ученичка Михаела Берак трагично почина. Почивај во мир“, напишаа од Студенскиот сојуз.

Во коментари масовно се изразува сочувство до семејството на девојката чиј живот трагично заврши во станот на полицаецот.

„Почивај во мир драга Михаела, радост и големо задоволство беше да бидам твој професор“, напиша еден од професорите на Правниот факултет.

Иако полицијата првично тврдеше дека се работи за несреќен случај, Државното обвинителство одлучи да го квалификува како убиство.

Постои сомнение дека Марко ја убил со пиштол во станот, па му е изречена мерка притвор од еден месец.

„Индекс“ ги објави пораките на WhatsApp кои убиената 21-годишна девојка ги разменувала со полицаецот, како и оние кои таа ѝ ги праќала на пријателка за него. Од истите се чини дека се познавале многу кратко, за што порталот добил неофицијална потврда од полицијата.

Интензивно се допишувале само околу една недела, а според сликите од екранот, Михаела се пожалила дека младиот полицаец „креира драма“ и дека е посесивен, иако се познавале само кратко време.

Пораките сугерираат и дека не биле во врска.

Адвокатот на осомничениот полицаец вели дека нема информации за содржината на пораките и дека полицијата не го прашала за нив.

Следни Објави

Има 31 година и сè уште е невин: Сите се чудат кога ќе ја каже причината

Овој 31-годишен маж си има голем проблем во буквална смисла, се шегуваат на социјалните мрежи. Тој преку отворено писмо се обрати до психологот ангажиран од редакцијата на британски „Мирор“. „Драга Колин, мојот проблем е навистина голем. Многу мажи сонуваат да бидат надарени, но за мене тоа е кошмар. Многу рано […]