fbpx

Ненадејно почина на 42 години, четири дечиња останаа без татко (ВИДЕО)

Кајл Браун, новинар и директор на ESPN, ненадејно почина на 42-годишна возраст, објави овој портал.

Браун бил на натпревар од бејзбол турнирот во Винстон-Салем, Северна Каролина, кога ненадејно му се слошило.

Иако медицинските служби веднаш реагирале, Браун не можел да се спаси.

Браун во младоста играл бејзбол, но подоцна кариерата ја пренасочил на видеопродукција. За 16 години поминати во ESPN стана една од главните „ѕвезди“ на оваа телевизија кога е работата зад камерите во прашање. Доказ за ова се и двете Еми-награди за достигнувања во спортското известување од натпреварите од американските NFL, MLB, NBA, NHL шампионати.

Кајл беше посветен сопруг и татко. Позади себе ја остави сопругата Меган и нивните четири деца.

Следни Објави

Загина славниот актер: Објави снимка неколку часа пред трагедијата (ВИДЕО)

Актерот Трет Вилијамс почина на 71-годишна возраст во сообраќајна несреќа во близина на неговиот дом во Вермонт. Актерот номиниран за Златен глобус починал околу 17 часот во понеделникот кога возачот на Хонда, Рајан М. Кос (35) дал лев трепкач на паркингот, а потоа се забил во Вилијамс кој возел во […]