fbpx

Сериозни пари: Оваа недела точно во 23 часот направете го ОВА!

Рускиот духовен водач Елена Христафарида откри три интересни ритуали.

„Ако ги примените во точно определено време, многу е веројатно да ви донесат подобра, посреќна и побогата 2024 година“, нагласува таа.

1. Ослободете се од непотребните работи

Таа советува дека е задолжително да се ослободиме од непотребните работи. Вели дека не случајно во некои земји постои традиција да се исфрли стариот мебел на новогодишната ноќ.

Елена нѐ потсетува и да не заборавиме да го фрлиме ѓубрето на 31 декември, но и да ја измиеме косата и на тој начин да се ослободиме од „валканите“ работи.

2. Направете некоја промена

Добро е на 31 декември да облечете барем едно ново парче. Ако не фустан или костум, тогаш барем долна облека или некој аксесоар. Важно е ова да го носите на полноќ. Така ќе си направите пат кон нови предизвици во животот, на професионален план или во љубовта. Многу е важно тоа парче навистина да ви се допаѓа, а не само да го купите колку да помине редот.

3. Привлечете пари

По 22 часот на 31 декември и пред 12 часот напладне на први јануари, обидете се да не позајмувате пари или пак вие некому да му дадете. Ако тоа е неизбежно, дајте ги парите со десна рака, а земете ги со лева. Но, прво оставете ги на маса или на било каква друга површина на неколку секунди, не пренесувајте ги директно.

За поголем прилив, земете ја највредната банкнота што ја имате во паричникот и точно во 23 часот на 31 декември поклопете ја со чаша од која планирате да пиете или веќе сте пиеле за новогодишната ноќ. Обратете внимание никој друг да не ги допира чашата и банкнотата. Пред полноќ превртете ја чашата, наздравете во чест на Новата година, земете ја банкнотата со лева рака и држете ја во моментот кога и официјално ќе влеземе во 2024 година.

Следни Објави

„Утрово добивме тажна вест“: Колегите се простуваат, беше еден од најистакнатите луѓе во македонскиот фудбал

Maкедонскиот прволигаш Воска Спорт на „Фејсбук“ објави тажна вест. Почина Енвер Сулејмани, човекот кој работеше како генерален директор на клубот од Охрид и имаше долгорочни планови со Воска. Во својата кариера Сулејмани работеше во Шкендија, Ренова и Фудбалската Федерација на Македонија каде што беше заменик генерален секретар. Колегите не открија детали за […]