fbpx

Луѓето со бемки на овие 10 места се родени за богатство и успех

Хиндусите од Малезија веруваат дека бемка на одреден дел од телото означува конкретна состојба и дека во голема мера ја предодредува судбината.

Многу се важни големината, обликот и бојата, а ако имате бемка на следните десет места, можеби не сте ни се’ уште свесни колку сте посебни.

Бемка на половината

Софистицирана бемка која ја имаат навистина посебни луѓе. Иако цело време се чувствуваат незадоволни и немирни, на крај дефинитивно успеваат во животот.

Бемка меѓу очите

Позната како „трето око“. Луѓето кои ја имаат оваа бемка се големи авантуристи и најчесто имаат доволно средства за комотно да патуваат низ светот.

Бемка над усните

Ваква бемка ѝ стана заштитен знак на светскиот топ-модел Синди Крафорд. Луѓето што ја имаат се упорни и тврдоглави и полесно доаѓаат до целта од останатите, а со тоа и побрзо се богатат.

Бемка на брадата

Не се нужно социјализирани, но водат балансиран живот и се неверојатно среќни.

Бемка на десната дланка

Ако бемката е на горната половина од дланката до богатството ќе дојдете лесно, но ако е на дното на дланката, малку ќе треба да се помачите, сметаат хиндусите.

Бемка до папокот

Овие луѓе се исклучително рационални во трошењето. Затоа и успеваат.

Бемка на десната града

Луѓето што имаат бемка на ова место ќе уживаат во мирен живот со многу предности.

Бемка до носот

Ако ја имате на носот или веднаш до него, тоа значи дека деловниот успех ви е загарантиран.

Бемка на увото

Исполнет и богат живот имаат овие луѓе. Едноставно се родени под среќна ѕвезда.

Бемка на малиот прст

Не е важно дали е на левата или на десната рака. Ако имате ваква бемка, не треба многу да сте загрижени за вашата иднина.

Следни Објави

Се сметало за проклето, а многу Македонки го носат: Ова е најчестото име кај нас

Едно од најчестите женски имиња во светот е Марија. За ова име многу често се одлучуваат и македонските родители и има различни варијанти од истото. Марија (Мајката на Исус) симболизира чиста и длабока љубов. Во оригиналниот хебрејски јазик името е Миријам, а нашата форма е Марија според латинското Марија. Самото […]