fbpx

Се ожени Мартин од „Некст тајм“: Развиорени знамиња, невестата и зетот преубави (ФОТО/ВИДЕО)

Свадба е голема

Мартин Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ се ожени со својата долгогодишна девојка, ракометарката Андреа Белеска.

Првата фотографија со младоженците ја сподели неговиот брат Стефан. „Го дадовме, ја земавме. Честитки!“, напиша тој на „Инстаграм“.

Мартин ја побара за жена Андреа лани на неговиот роденден на 20 септември.

Ракометарката Белеска, родум од Кичево, беше дел од Металург, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа и шведскиот Боден. Минатата сезона играше за грчки ПАОК од Солун.

Дуото „Некст тајм“ ја претставуваше Македонија на евровизискиот избор во Москва во 2009 година. Групата се проби со поп-рок нумери, но последните години браќата-близнаци одлучија да се свртат кон корените. Нивните обработки на стари македонски песни бележат милионски прегледи на „Јутјуб“. Неодамна имаа успешна турнеја кај нашинците во Австралија заедно со Влатко Лозаноски.

Следни Објави

Потресно сведоштво на Кирил: Скршена рака, излезена коска, а типот избега

Пред 11,5 часот на стаза од лева страна на патеката, на 30 метри пред мостот кај Систина без светла ми се заби друг велосипедист додека ја возев со светла и прописно десно.. сѐ се случи за помалку од пет секунди.. по шокот од повредата и малата конфузија, сфатив дека ми […]