fbpx

Јавно ја запроси во Хрватска, а сега се венчаа во Македонија: Нашиот пејач направи свадба за паметење (ФОТО)

Македонскиот поп-пејач Давид Темелков кој со години живее и работи во Хрватска викендов се заколна на вечна љубов во скопската црква „Света Богородица“ и направи свадба со сите нишани.

Нашиот талентиран музичар кој се прослави во регионалното музичко шоу „Икс фактор“ се ожени со својата долгогодишна девојка, манекенката и водителка Елена Јунг која во 2021 година јавно ја запроси додека имаше концерт во Нова Градишка.

Судејќи по фотографиите и видеата споделени на социјалните мрежи, младоженците имале ден за паметење. За добрата атмосфера се погрижиле Анета Мицевска и „Група Молика“, но и зетот се фатил за микрофон за на саканата да ѝ ја отпее баладата „Илузија“ од неповторливиот Тоше Проески.

Повеќе фотографии од настанот погледнете во продолжение.

Следни Објави

Сите битки ги водеше, за твојата не се избори: Македонија тагува, почина Дарко Димовски

По кратко боледување на 45-годишна возраст почина Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). „Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме […]