fbpx

Во олдтајмер со шешир: Македонскиот пејач направи незаборавна свадба (ФОТО)

Македонскиот пејач, автор и музичар Виктор Апостоловски викендов се ожени со својата долгогодишна девојка, медицинската сестра Милена Доневска.

Талентираниот битолчанец кој се прослави во шоуто „Идол“ се заколна на вечна љубов во црн костум, со шешир и со црвена вратоврска, а невестата се одлучи за венчаница со корсет.

Судејќи по фотографиите споделени на социјалните мрежи, свадбата била со сите адети, а интересен бил и изборот на нумерата за првиот танц-оригинална песна која пејачот самиот ја искомпонирал.

Апостоловски пред пет месеци на мошне симпатичен начин ја побара за жена девојката. Херојот од несудениот евровизиски хит „Супермен“ ја запроси саканата во Истанбул. Додека таа се подготвуваше да му позира свртена со грб, тој го извади прстенот и клекна.

Честитки! Нека им е со среќа!

Следни Објави

Спектакл среде Рим: Македонскиот водител ја запроси саканата (ВИДЕО)

Познатиот македонски водител Миро Кацаров спектакуларно ја запроси својата девојка Ивана Зафировска за време на нивното романтично патување во Рим. Домаќинот на шоуто „Голден карпет“ ја побара саканата за жена на плоштадот Пантеон. Додека вилонистот Виктор Ангелов ја свиреше легендарната тема Sarà Perché ti Amo, Кацаров клекна и го извади […]