fbpx

Дал 4.500 евра за невеста од Албанија: Нешто неочекувано се случи!

Кога момче од село со четириесет и кусур години ќе дозволи осаменоста да го доведе до очај, кога неговите стари родители му зборуваат само за внучиња, кога ќе се запраша поради што се мачел и работел и по 15 часа дневно – следуваат неочекувани животни одлуки.

Заслепен од желбата да се реализира како сопруг и татко, станал идеална жртва за измама.

Кога сфатил дека речиси е невозможна мисија да си најде девојка во Шумадија која ќе сака да го помине животот со него на село, тргнал по невеста во Албанија. Иако патот е долг, а бензинот скап, секако трошоците не биле 7.000 евра колку што му зеле на овој човек.

Невестата од Албанија никогаш не пристигнала во Шумадија. Тој дури не бил свесен дека е измамен. Тврди дека само нема среќа во животот.

Негов роднина пред неколку години ја раскажа оваа приказна, особено да им ги отвори очите на другите мажи кои љубовниот статус имаат намера да го решаваат на ваков начин.

„Мојот братучед стигна до извесна госпоѓа која наводно ги спојува Албанките со нашите момчиња од село кои се плашат да не останат сами. Тој се согласил да ѝ даде 30 евра дневница за секој поминат ден во Албанија и уште 30 евра на нејзиниот помошник и шофер, плус да ги покрие патните трошоци. Таму контактирале со Албанец кој требал да ги запознае со невестата која прифатила да се омажи во Србија“, ја почнува приказната тој.

Средбата се случила следниот ден, а младата се претставила дека работи во текстилна фабрика во Тирана.

„Разговарале, имало и преведувач, малку се држеле за рака и размениле ситни нежности. Братучед ми се врати дома опиен од љубов. Ми раскажа дека девојката е преубава, добра, скромна, дека е сон на секој маж. Не можеше да поверува што му се случува. Патот го чинеше 1.000 евра со се’ дневниците на сите тие луѓе“, продолжува да сведочи тој за ова непријатно искуство.

По запознавањето, дошол и денот кога младоженецот требал да тргне по невестата во Албанија. Повторно го одврзал ќесето за дневници и за патни трошоци, за храна, за пијалок и за ноќевање. Овојпат, му рекле да понесе и 4.500 евра кои наводно биле за посредникот кој ја пронашол девојката.

„Им платил, невестата седнала во автомобилот и тргнале кон Србија. Била многу тажна што го остава семејството и по изминати 150 километри таа не престанувала да плаче. Одлучиле да застанат покрај една кафеана на патот, да се освежат и невестата малку да се потсмири и да се измие. Кога седнале, таа замолила да побара телефон во кафаната за да ѝ се јави на сестра си уште еднаш, пред да ја поминат границата. Влегла и никогаш не се вратила“, раскажува овој човек.

Она со кое тој не може да се помири, е дека неговиот наивен братучед се’ уште мисли дека невестата се предомислила, а не дека е жртва на однапред испланирана измама.

„Ја потроши цела заштеда и повторно е сам. Но, не се откажува. Сега бара друга агенција која ќе му помогне да најде невеста. Тој е исклучително вреден, вистински домаќин, но и наивен и очаен за брачна постела и детски плач“, завршува тој.

Фото: Шатерсток/ДијаспораЊуз

Следни Објави

На денот на свадбата баба ми го кажа ова: За 30 години брак сум немала проблем со мажот и децата!

Ако имате криза во бракот и ако децата не ве слушаат, време е да ги преиспитате мудрите совети од постарите. На денот на венчавката пред 30 години, баба ми ми даде упатства кои, како што покажа времето, ми помогнаа да ги пребродам сите животни предизвици, да избегнам деструктивни ситуации и […]