fbpx

Му почина на раце: Се огласи менаџерот на пејачот, до последен миг бил со синот

Синот на познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58) денеска почина на 29-годишна возраст.

Армин ја загуби животната битка во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а сега се огласи и менаџерот на пејачот.

Како што вели, на Армин му се вратила автоимуната болест од која боледувал претходно, а тој бил со славниот татко до последниот здив. Му починал на раце, открива тој.

„За жал, информациите се точни. Нашиот Армин почина. Верувајте ни, воопшто не сме свесни дека ова ни се случи. Енес е во никаква состојба, што да ви кажам, сега му остана само ќерката.. Жената на Армин треба да се породи за неколку дена. Му се врати болеста што ја имаше претходно. Беше во болница, во Сараево.. Енес цело време беше со синот, особено во последните неколку дена, не го остави ни за миг, бидејќи сè повторно се влоши. Беше со него до последен здив.. Сите сме шокирани, верувајте. Енес не може да зборува, не можам да ја опишам болката. Сите умревме со Армин“, изјави менаџерот на Беговиќ.

Следни Објави

Неочекуван потег! Сите се чудат, ја кажала ли вистината за Коста Кецмановиќ?

Дадилката на Коста Кецмановиќ (13) повторно е повикана на сослушување, а причината наводно е тоа што имало повеќе недоследности во нејзиниот исказ. Таа првично изјавила дека иако поминала 12 и пол години со него и мислела дека го знае најдобро од сите, била во шок поради масакрот, вели извор на […]