fbpx

Потресно! Естрадата не може да се соземе, се огласи Јана: Нека почива во мир!

Естрадата во целиот регион му дава максимална поддршка во овие исклучително тешки мигови на познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58).

Неговиот 29-годишен син почина вчера во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Сега се огласи и Јана. Познатата пејачка е скршена од тага.

„Нека почива во мир. Искрено сочуство на семејството Беговиќ“, напиша таа на „Инстаграм“.

Армин ја загуби битката со автоимуната болест.

„За жал, информациите се точни. Нашиот Армин почина. Верувајте ни, воопшто не сме свесни дека ова ни се случи. Енес е во никаква состојба, што да ви кажам, сега му остана само ќерката.. Жената на Армин треба да се породи за неколку дена. Му се врати болеста што ја имаше претходно. Беше во болница, во Сараево.. Енес цело време беше со синот, особено во последните неколку дена, не го остави ни за миг, бидејќи сè повторно се влоши. Беше со него до последен здив.. Сите сме шокирани, верувајте. Енес не може да зборува, не можам да ја опишам болката. Сите умревме со Армин“, изјави вчера менаџерот на Беговиќ.

Следни Објави

Естрадата тагува: Почина познатиот музичар, тажната вест ја соопштија колегите од бендот

Тапанарот на групата Urge Overkill, Блеки Оназис, роден како Џон Роуан, почина на 57-годишна возраст. Веста за смртта ја соопштија колегите од бендот. „Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овој момент. Испраќаме љубов до членовите на семејството и до фановите“, се вели, меѓу другото, во соопштението. Причината за смртта […]