fbpx

Познатиот пејач тргна со синот в гроб: Потресна сцена, цела естрада дојде да се збогува со Армин

Синот на познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58) денеска беше погребан на Градските гробишта Баре во Сараево.

Бројни познати личности се појавија на погребот да го утешат семејството во овие исклучително тешки мигови за нив. Харис Џиновиќ, Бобан Рајовиќ, Младен Војиќиќ-Тифа, Шериф Коњевиќ, Дино Мухаремовиќ и Драган Којиќ Кеба дојдоа да се помолат за душата на Армин Беговиќ кој прерано го напушти овој свет, на само 29 години.

На својот инстаграм-профил, Садик Хасановиќ објави многу потресна фотографија. „Познатиот пејач тргна со синот в гроб. Само тој си знае како му е во овие моменти“, се редеа коментари под сликата.

Армин почина од автоимуна болест.

„За жал, информациите се точни. Нашиот Армин почина. Верувајте ни, воопшто не сме свесни дека ова ни се случи. Енес е во никаква состојба, што да ви кажам, сега му остана само ќерката.. Жената на Армин треба да се породи за неколку дена. Му се врати болеста што ја имаше претходно. Беше во болница, во Сараево.. Енес цело време беше со синот, особено во последните неколку дена, не го остави ни за миг, бидејќи сè повторно се влоши. Беше со него до последен здив.. Сите сме шокирани, верувајте. Енес не може да зборува, не можам да ја опишам болката. Сите умревме со Армин“, изјави завчера менаџерот на Беговиќ.

Како што пишува босанскиот весник „Дневни аваз“, голема колона луѓе, меѓу кои пријатели и членови на семејството, дојдоа на гробиштата за да го испратат Амир, но меѓу нив не биле мајка му и сопругата.

Следни Објави

Сара проговори за својот гиноколог: Виде нешто ненормално, па ми побара нешто уште поненормално

Одењето на гинеколог не е баш пријатно искуство за жените, но секако е една од најважните работи на кои мора да се внимава кога е здравјето во прашање. Неретко сме сведоци дека рутинските прегледи може да спасат живот. На еден таков рутински преглед, Сара која од разбирливи причини не сака […]