fbpx

Кој би рекол? Еден од најскромните на естрадата вози „ѕвер“ од 50.000 евра

Познато е дека луѓето од естрадата сакаат скапи автомобили

Познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58) важи за еден од најскромните пејачи во регионот поради што публиката особено го сака, но кога е во прашање возниот парк очигледно воопшто не е скромен.

Откако е на музичката сцена, Енес никогаш не се пофалил и не зборувал за цифрите што ги заработува од настапите, сепак, екипата на „Гранд“ неодамна имала можност да се увери дека пејачот е љубител на брзи машини кога го паркирал својот џип на Кошутњак.

Благодарение на успешната повеќедецениска кариера и напорна работа, Беговиќ успеал да пазари автомобил Range Rover кој чини приближно педесет илјади евра.

Токму поради неговата скромна природа, многумина коментираа дека ваква скапа машина вози поради безбедност, со оглед на тоа што често патува и има настапи низ целиот регион.

Инаку, пред неполна година пејачот се соочи со голема семејна трагедија кога неговиот син Армин почина од автоимуна болест.

Следни Објави

Скандал! Пејачот ја изневерил вереницата пред свадба, испливаа сите детали

Во медиумите како бомба одекна веста дека популарниот рапер Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, ја изневерил својата сегашна сопруга непосредно пред свадбата. Девито пред само неколку месеци се сврши со својата поубава половина, а неодамна се заколна на вечна љубов и тоа под посебни услови, дознава српска „Република“. Младиот изведувач […]