fbpx

Ги построил трите сина и ги убил: Нови шокантни сознанија за таткото-монструм

Светот е во шок! Татко од Охајо ги построил своите три мали сина и ги застрелал, јавѕ=уваат американските медиуми.

Чед Дорман на сослушувањето признал дека планирал да ги погуби своите деца, додека окружниот обвинител на округот Клермонт, Дејвид Гаст, изјавил дека тоа е најстрашното злосторство што го видел во неговата кариера.

Дорман ги наредил трите деца на возраст од 3, 4 и 7 години во дворот пред куќата и ги погубил со пушка. Обвинителот Гаст рекол дека едно од момчињата се обидело да побегне во полето, но дека Дорман го „фатил“, го вратил во куќата и го убил.

Според последните сознанија, тој ја застрелал и сопругата в рака во моментот кога наводно се обидела да ги спаси своите чеда.

„Траумата што ја предизвика овој човек е неопислива“, изјави окружниот обвинител.

Прелиминарното рочиште за случајот е закажано за 26 јуни, во 13 часот по локално време. Гаст најави дека ќе побара Дорман да биде задржан без кауција, што значи дека ниту една сума на готовинска обврзница не може да обезбеди негово ослободување.

Окружниот обвинител во Клермонт, Марк Текулве, не кажа дали ќе бара смртна казна во случајот, но рече дека се разгледуваат сите можни обвиненија.

Следни Објави

Во олдтајмер со шешир: Македонскиот пејач направи незаборавна свадба (ФОТО)

Македонскиот пејач, автор и музичар Виктор Апостоловски викендов се ожени со својата долгогодишна девојка, медицинската сестра Милена Доневска. Талентираниот битолчанец кој се прослави во шоуто „Идол“ се заколна на вечна љубов во црн костум, со шешир и со црвена вратоврска, а невестата се одлучи за венчаница со корсет. Судејќи по фотографиите […]