fbpx

Клекна среде натпревар, па доби шамар: Кога се фати за џеб девојка му занеме, но потоа збесна

Секоја девојка и жена си фантазира за своето идеално запросување. Некои сакаат тоа да биде симпатично, но интимно, додека пак има и такви што посакуваат да добијат прстен на јавна сцена, спектакуларно и пред многу народ.

Темата „запросување“ деновиве е главен муабет и на „Твитер“, откако се појави видео од бејзбол натпревар во Торонто каде момче клекнува на колена..

И.. Се’ тече супер, тој ја отвора кутијата, девојката се воодушевува и наеднаш шок! Нејзиниот сакан вади лижавче во форма на прстен.

Девојката во истиот момент збеснува, почнува да пцуе, му мава шамар и го полива со вода или со сок, што и да има во чашата.

Коментарите под видеото се разни. Некои ја поддржуваат девојката, затоа што мислат дека е понижена пред толку многу луѓе, додека, пак, други ја напаѓаат велејќи дека е луда и оти не знае за шега и оти е подобро за момчето што не се согласила.

Следни Објави

Неочекуван пресврт! Се појави слика, Kоста сепак не ја кажал вистината!?

Коста Кецмановиќ, момчето виновно за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, пред два дена првпат се соочи со обвинителството и сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ. Коста признал дека пукање вежбал на стрелиште, но никогаш на подвижни цели. Рекол дека татко му не го научил да пука, а […]