fbpx

Почина мајка на две деца: Испила премногу вода, семејството не може да поверува (ВИДЕО)

Ешли Самерс (35) од американската сојузна држава Индијана починала откако за само 20 минути испила околу два литра вода. Оваа мајка на две деца починала од труење со вода откако поминала релаксирачки ден на езерото Фримен како дел од семејното повеќедневно патување.

Последниот ден од патувањето почувствувала вртоглавица и главоболка, кои се симптоми на дехидрација, но никакво количество вода не можела да ја задоволи нејзината жед. Испила два литра вода.

Кога се вратила дома, паднала во својата гаража и никогаш не се освестила. Утврдено е дека има оток на мозокот.

Во болницата лекарите и дијагностицирале труење со вода, кое уште се нарекува и хипонатремија, кое настанува поради премногу вода во телото и премалку натриум.

Кога Девон Милер, братот на Ешли, слушнал за состојбата на неговата сестра, не можел да поверува.

„Тоа беше голем шок за сите нас. Не можев да верувам дека може да се случи такво нешто. Таа се чувствуваше како да не може да пие доволно вода. Кога ја напуштија плажата на која беа, во тоа 20-минутно возење со брод, таа испил четири шишиња вода“, рече тој.

Откако се разболела, Ешли никогаш не се освестила и умрела.

Интоксикација со вода или хипонатремија е состојба која се јавува кога некој пие прекумерно количество вода за краток временски период, при што сложените органски системи на телото, првенствено бубрезите, не можат да го регулираат балансот на вода и електролити како натриум, калиум и хлорид, кој обезбедува правилно функционирање на клетките.

Натриумот е особено клучен за одржување на комуникацијата помеѓу клетките преку електрични импулси.

Натриумот помага и во апсорпцијата на хранливите материи во дигестивниот систем и бубрезите, со што се прилагодува количината на вода и електролити кои се реапсорбираат во крвотокот или се излачуваат во урината, пишува „Дејли меил“.

Следни Објави

Трагедија! Ненадејно почина младиот Марко

Тажна вест, регионот во солзи Црногорскиот параолимпиец Марко Териќ ненадејно почина на 22-годишна возраст. Успешно се натпреваруваше во дисциплините фрлање ѓуле и диск, категорија Ф41. Беше студент на поморскиот факултет во Котор. Освои злато на 50 метри градно, 100 метри грбно и штафета 4х100 метри мешано на Светското првенство во […]