fbpx

Неочекуван потег на Коста: Опседнат е само со една работа, сите во шок!

Коста Кецмановиќ зборува за тоа како ќе напише книга за својот живот, дознава српска „Република“

Коста Кецмановиќ се однесува како масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ воопшто да не се случил! Извор од клиниката во која е сместен открива дека детето-убиец пројавило интерес за пишување откако мајка му му подарила книга со која го поминува времето под посебен надзор на полицајците внатре во собата и оние пред здравствената установа.

Коста постојано повторува шетајќи низ собата.

„Книгата што ќе ја напишам ќе опише се’ што се случило во мојот живот! Велат дека сум цар, а оваа книга ќе ги заинтригира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Ќе ја напишам толку добро што на сите ќе им биде интересно“, повторувал Коста Кецмановиќ.

Според извор близок до истрагата, Кецмановиќ веќе неколку дена е опседнат со тоа како да ја напише својата автобиографија.

„Постојано зборува за пишување книга, за неговиот живот од раното детство до денес. Вели дека ќе биде бестселер. Вели дека се’ ќе опише детално и ќе ги наведе причините кои го навеле да го направи тоа што го стори на трети мај“, објаснува добро информираниот извор.

Иако е речиси невозможно информациите да стигнат до момчето чие злосторство го шокираше светот, Коста дознал дека истражните органи го блокирале целиот движен и недвижен имот што им припаѓа на неговите родители. Дознал и дека сметките на Владимир Кецмановиќ се блокирани.

„До него стигна информација дека му одзеле се’. Тој не го коментираше ова сознание. Сега тој е преокупиран со книгата и со голема радост размислува за неа. Не покажува дека нешто друго му е поважно во овој момент. Свесен е дека сега неговите родители нема да бидат моќни финансиски да го обезбедат, па почна сериозно да размислува за неговата иднина, колку и тоа да звучи глупо“, открива истиот извор.

Коста на трети мај тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ и уби девет ученици и вработен од обезбедувањето.

Следни Објави

Изгубивме голем човек! Почина познатиот македонски хуманист и промотор

По кратко боледување, вчера на седумдесетгодишна возраст почина познатиот охридски бизнисмен, хуманист и општественик Венко Шапкар. Оние што го познаваа ќе го паметат како мецена на охридскиот спорт, хуманист, донатор и промотор на Охрид пред луѓе од светскиот бизнис, пишуваат локалните медиуми. „Што и да се напише ќе биде малку […]