fbpx

Тешка несреќа се случи: Жена и дете загинаа, уште две деца се тешко повредени

Жена и дете кои биле сопатници во авотомобил, починале во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на местото „Студена вода“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17 часот, автомобил „алфа ромео“ со прилепска регистрација излетало надвор од коловозот.

Со автомобилот управувал триесет и петгодишен жител на прилепското село Канатларци.

По несреќата во прилепската болница биле пренесени триесет и тригодшината жена, која починала во болница, а малолетниот сопатник, иако бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, починал при транспортот.

Возачот и уште двајца малолетни сопатници се здобиле со тешки повреди.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Крушево.

Следни Објави

Монструозно! Нови детали од масакрот, неочекуван пресврт во истрагата

Три месеци поминаа од масакрот во училиштето „Владисав Рибникар“ во Белград кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби девет соученици и вработен во обезбедувањето. Вооружен со двата пиштола на татко му ја зави Србија во црно, а сега истрагата откри дека оружјето го извадил од сефот на неговиот татко и тоа два […]