Скопјанка починала на скопските клиники, по тешка сообраќајна незгода која се случила во саботата на патниот правец Велес-Скопје, информира порталот „Скопје инфо“.
Со тешки повреди во несреќата се здобило нејзиното бебе кое е хоспитализирано на КАРИЛ.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија несреќата и велат дека истата се случила на 06.04 во 18.50 часот.
„На 16.06.2024 година во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски таблички, управувано од И.К. (41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски таблички, управувано ос З.Д (57) од Гостивар“, информираат од полицијата.
Од таму додаваат во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К. (39) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт на В.К.
“Со телесни повреди се здобиле и две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарно возило М.З. (65) од Гостивар, констирани во болницата во Велес“, се вели во информацијата од МВР.