fbpx

Монструозно! Нови детали од масакрот, неочекуван пресврт во истрагата

Три месеци поминаа од масакрот во училиштето „Владисав Рибникар“ во Белград кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби девет соученици и вработен во обезбедувањето.

Вооружен со двата пиштола на татко му ја зави Србија во црно, а сега истрагата откри дека оружјето го извадил од сефот на неговиот татко и тоа два дена пред трагедијата, објавија повеќе српски медиуми.

Истражителите откриле дека тој на први мај го отворил сефот кој бил со шифра и истиот ден префрлил два пиштоли и муниција во ранецот кој го носел за време на масовното убиство.

„Татко му легално ги поседувал пиштолите, но сите досега собрани докази, вклучително и сведочењето на неговиот син кој го извршил масакрот, говорат во прилог на тоа што тој не го обезбедил оружјето и муницијата на начин пропишан со закон“, открива извор од истрагата.

Малолетниот убиец, кој преку видео врска беше сослушан како сведок во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко, токму поради начинот на кој го чувал оружјето, но и поради тоа што го носел 13-годишниот син на стрелиштето, рекол дека лесно ја открил шифрата на сефот во која биле пиштолите.

„Шифрата беше 687 и тркалата што се вртат за да се отвори веќе беа на 684. Третиот ред го свртев два-три пати и се отвори“, наводно признало момчето на сослушувањето.

Коста пред пет дена наполни 14 години. Како што е веќе познато, денови пред злосторството детално го истражувал Кривичниот законик на интернет за да се увери дека според возраста не може да заврши зад решетки.

Следни Објави

Денес ја славиме Марија Магдалена: Жени, ова мора да го направите

Православната црква и нејзините верници на 4 август го одбележуваат празникот посветен на Марија Магдалена. Блага Марија, според народното верување е сестра на Свети Илија. Овој празник е многу почитуван меѓу луѓето, особено меѓу жените. Спаѓа во неподвижни празници и иако не е обележан со црвено во црковниот календар, овој […]