fbpx

Срамота! Во познат македонски маркет 500 производи поскапеа за само еден ден

Телевизија 24 во прилог за новиот ценовен бран откри дека повеќе од 500 артикли во еден голем ланец маркети само во еден ден добиле нови цени. Најголемиот дел од нив се покачени.

Од Министерството за економија велат дека со поскапувањата не се опфатени основните прехранбени производи и затоа не се очекува ценовен притисок. Од таму прогнозираат дека инфлацијата до крајот на годинава ќе се сведе на минимум и ќе се заштити стандардот на граѓаните.

Граѓаните пак, со секое влегување во маркетите, гледаат нови цени.

Порастот на цените на останатите производи, кои не беа опфатени со мерките, имаше многу помало влијание врз стапката на инфлација во земјата, иако и тогаш на голем број производи, секојдневно им се менуваа цените.

Оттука, не мора да значи дека растот на цените на овие 500 артикли во ланецот маркети, ќе имаат некое позначително влијание врз стапката на инфлација, коментираат од Министерството за економија.

Следни Објави

Телото на моето бебе е сѐ уште внатре, но душата не е: Познатата водителка сподели тажни вести

Познатата водителка откри дека доживеала „пропуштен спонтан абортус“, состојба од кој се плашат многу трудници. Бебето се’ уште е во нејзиниот стомак, но престанало да расте и срцето повеќе не му отчукува Телевизиската ѕвезда Џејд Ропер Толберт ја сподели оваа тажна вест со своите следбеници. Мајката на три деца со […]