fbpx

Телото на моето бебе е сѐ уште внатре, но душата не е: Познатата водителка сподели тажни вести

Познатата водителка откри дека доживеала „пропуштен спонтан абортус“, состојба од кој се плашат многу трудници. Бебето се’ уште е во нејзиниот стомак, но престанало да расте и срцето повеќе не му отчукува

Телевизиската ѕвезда Џејд Ропер Толберт ја сподели оваа тажна вест со своите следбеници.

Мајката на три деца со нетрпение го чекаше своето четврто бебе, момче кое семејството избрало да го именува Бо. Но, на последниот преглед, Џејд (36) добила страшни вести.

Ѕвездата на Bachelor in Paradise напишала дека „ужива во секој момент додека телото на бебето се’ уште е внатре“.

„Го носам моето бебе со гордост и уживам во секој момент додека е сè уште во мене. Од друга страна, ова е ситуација која ми го крши срцето. Додека го држам мојот стомак на оваа слика, телото на нашето мило бебе сè уште е во мене, додека неговата душа патува. Те сакам душо“, напиша Џејд.

„Мислев дека секој мој сон се остварил кога дознав дека ќе имаме уште едно бебе. Нашите срца се скршени, но јас засекогаш се променив затоа што неговата душа нè допре, дури и за толку кратко време“, дополни таа.

Следни Објави

Маж ѝ го изневери со свекорот: Цела Македонија беше фрапирана, еве како ги фатија

Гокче Бахадир, турската актерка која се прослави во омилената серија на Македонците, безвременската „Кога лисјата паѓаат“, минатата година се заколна на вечна љубов со музичарот Емир Ерсој. Гокче судбоносното „ДА“ првпат го изговори во 2011 година, но љубовната идила со Али заврши неславно после само една година. „Нашата љубов беше […]