Ако имате можност, вежбајте пред спиење, доволни се и само неколку склекови и стомачни. Луѓето кои живеат вака, живеат многу подолго и стареат здраво. Ова го тврди славниот руски кардиохирург Лео Бокерија кој комплетно ја отфрла идејата за традиционален режим на исхрана.
Овој совет на д-р Бокерија беше одобрен и во последното истражување направено на Универзитетот Корнел кога научникот Дејвид Левицки дошол до сознание дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот, за неколку недели значително ја намалуваат тежината.
Половина од волонтерите појадувале, а половина го прескокнувале, според многумина, најважниот оброк во денот. Луѓето од групата која не појадувала дневно трошеле над 400 калории повеќе од останатите.
– Знам дека прескокнувањето на појадокот е контра сè што сте знаеле за здравата исхрана, но новите податоци сериозно нѐ замислуваат да се откажеме од нашиот прв оброк. Секако, ова важи за здравите луѓе. Оние што имаат проблеми со дијабетес, не треба да ги прескокнуваат оброците за одржување на нивото на гликоза – забележува Левицки.
Тој нагласува дека здравите треба сериозно да размислат да го прескокнат појадокот, особено сега во самоизолација кога физички и воопшто не се активни.